Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Првото лице кое во Болоња се зарази со ковид, сега има делта-сој

Првото лице кое во Болоња се зарази со ковид, сега има делта-сој
300x250 opst2

Првото лице кај кое коронавирусот беше идентификуван минатата година во Болоња, сега e повторно инфицирано со делта варијантата на вирусот, пишува весникот „Ил Фато Котидијано“.

„Вакцинирајте се, не правете глупости како мене“, порачa 24-годишната Бјанка Доброја.

Бјанка е модел, со романско потекло, а минатата година се лекувала во болница цели 80 дена откако била заразена со Ковид-19.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bianca Dobroiu (@dobroiubianca)

„Наивно верував дека не треба да се вакцинирам по инфекцијата. Направив и серолошки тест, имав повеќе антитела и верував дека сум заштитена. Сега ги имам истите симптоми како и пред година и пол: висока температура, главоболка, кашлица, болка по целото тело. Се надевам дека нема да завршам повторно во болница три месеци“, вели Бјанка.

Таа додава дека е жив пример дека од ковид е можно да се разболи двапати и дека не треба да се ризикува, туку треба да се вакцинира.

Можете да прочитате

Хакерските групи ја засилуваат кибер шпионажата во ЕУ

Мажот кој пукаше во Минхен остави порака дека поставил бомба на Октоберфест

Се менува системот за влез во ЕУ – по идната недела нови правила на границите