Утрински Весник
Свет

Први егзекуции со бесење по 50 години во Мјанмар

Владата на Мјанмар денеска објави дека ги извршила првите егзекуции по 50 години.

dobivaj vesti na viber

Како што се наведува, егзекутирани со бесење се поранешен пратеник на Националната лига за демократија, демократски активист и двајца мажи обвинети за насилство.

Егзекуциите беа извршени и покрај молбите ширум светот за помилување на четворицата политички затвореници. Апелот го испратија и експерти од ОН и Камбоџа, која е актуелен претседавач со Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија.

Активистите беа егзекутирани „во согласност со законските процедури“ за насочување и организирање на „насилни и нечовечки соучесници на терористички убиства“, пишува државниот „Мирор дејли“.

Министерката за човекови права Аунг Мио Мин во Владата на национално единство, владата во сенка формирана надвор од Мјанмар откако војската ја презеде власта во февруари 2021 година, ги отфрли обвинувањата дека мажите биле вклучени во насилството.

„Смртната казна е начин да се контролира јавноста преку страв“, рече таа.

Меѓу погубените е и Фио Зеја Тау, поранешен пратеник од партијата на соборената лидерка Аунг Сан Су Чи, која беше осудена од воениот суд во јануари за бомбашки напади и финансирање тероризам. Поради кршење на антитерористичките закони, погубен е и Кјав Мин Ју, 53-годишен продемократски активист познат како Ко Џими.

Двајца други мажи, Хла Мио Аунг и Аунг Тура Зав, беа осудени за мачење и убиство на жена во март 2021 година, за која, наводно, верувале дека е воен доушник.

Можете да прочитате

Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион

Еден прободен, седум полесно повредени во трките со бикови во Памплона

Израел ќе изгради камп во Појасот Газа за 600.000 Палестинци