Утрински Весник
Свет

Првични проекции од изборите во Црна Гора: Власта има 40, а опозицијата 41 мандат

Првични проекции од изборите во Црна Гора: Власта има 40, а опозицијата 41 мандат

Центарот за мониторинг и истражување ги објави првите проекции на резултатите од парламентарните избори во Црна Гора. Врз основа на 82 отсто од обработените резултати, СЕМИ објави дека ДПС-Решително за Црна Гора на Мило Ѓукановиќ – освоила 34,9% , а опозициската Коалиција за иднината на Црна Гора – 32,7 проценти од гласовите.

Коалицијата „Мирот е нашата нација“ има 12,6 проценти (10 места), „Црно-бело“ – 5,6 проценти (4 места), „Бошњачка партија – 4,2 проценти (3 места), Социјадемократите – 3.1, СДП -Силна Црна Гора 3 отсто, Албанската коалиција Едногласно – 1.1 отсто, Албанската листа 1.4 отсто.

Избирачките места се отворија во 7 часот, а се затворени во 20 часот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп се соочува со клучна одлука – напад на иранската инфраструктура или продолжување на разговорите

ИДФ ги предупреди Иранците до вечерва да не патуваат со воз

Цената на нафтата расте додека се приближува рокот за ултиматум на Трамп кон Иран