Утрински Весник
Магазин

Првиот студиски албум на „Блекпинк“ излегува во октомври

Првиот студиски албум на „Блекпинк“ излегува во октомври

Јужнокорејскиот женски бенд „Блекпинк“ ќе го издаде првиот студиски албум во октомври, најави претставник на YG Entertainment.

По дебито во 2016 година, поп-квартетот издаде микс од неколку синглови и јапонски верзии на нивните корејски песни.

„Во 2020 година, Блекпинк ќе се насочи кон глобалниот музички пазар како дел од темелните планови,“ рече претставник на YG Entertainment, компанијата што управува со „Блекпинк“.

Поп-квартетот во јуни постави рекорд со музичко видео кое достигна 100 милиони прегледи на „Јутјуб“ веднаш по објавата. Спотот за песната How you like that бил отваран преку 100 милиони пати во првите 24 часа по објавата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Спиењето во целосна темница може да го намали ризикот од срцеви заболувања

Тие се најголемите хипохондрици во хороскопот и животот е тежок со нив

Обид за убиство на Аца Лукас – настапот на Јахорина откажан