Утрински Весник
Свет

Првиот случај на омикрон откриен во Нигерија неколку недели пред предупредувањето од Јужна Африка

Првиот случај на омикрон откриен во Нигерија неколку недели пред предупредувањето од Јужна Африка

Нигерија ја откри првата инфекција со нов вид на коронавирус омикрон, од примерокот земен во октомври, неколку недели пред Јужна Африка да го предупреди светот за оваа варијанта на вирусот, објави денеска Националниот институт за јавно здравје.

Таа е првата западноафриканска земја што пријавила омикрон откако беше откриен и пријавен минатата недела во Јужна Африка, а потоа и во дваесет други земји.

„Во Нигерија, со геномско секвенционирање на примероци позитивни на коронавирус, идентификувани се два случаи на варијанта на омикрон кај патниците од Јужна Африка”, изјави директорот на нигерискиот Центар за контрола на болести, Ифедајо Адетифа.

Двајца неидентификувани патници пристигнаа во западноафриканската земја минатата недела, но нова варијанта на вирусот е потврдена во случаи пред нивното пристигнување.

„Ретроспективното секвенционирање на претходно потврдени случаи меѓу патниците, исто така, идентификуваше варијанта на омикрон меѓу примероците собрани во октомври 2021 година“, рече Адетифа.

Тој предупреди дека нискиот капацитет за тестирање може да стане најголемиот предизвик за Нигерија во справувањето со новата варијанта на корона вирусот. Во главниот град на таа земја, Абуџа, никој не е тестиран за вирус со недели.

Можете да прочитате

Трамп тргна за Давос, ќе се обрати во 14.30 часот по европско време

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот