Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Првиот преоден рок на Конте во Тотенхем е кошмар – ги „пропуштија“ Дијаз и Траоре…

Првиот преоден рок на Конте во Тотенхем е кошмар – ги „пропуштија“ Дијаз и Траоре…
Img 7972

Бруно Фернандеш, Рубен Дијаш и сега на крајот Луиш Дијаз. Што е заедничко за тројцата фудбалери? Освен тоа што се дел од португалската репрезентација, тоа што тројцата беа блиску до трансфер во Тотенхем за на крајот да завршат во друг премиерлигаш.

Вест дека Дијаз го избрал Ливерпул пред Тотенхем, доаѓа 24 часа откако стана јасно дека Адама Траоре исто така ќе го одбие тимот од Лондон за трансфер во Барселона, оставајќи го Антонио Конте без ниту едно засилување во зимскиот преоден рок, откако претходно најави дека му ставил јасно на знаење на претседателот на клубот, Даниел Леви дека му се потребни одредени засилувања.

Оваа ситуација го остава италијанскиот тренер во тешка позиција во обидот да се обезбеди топ 4 пласман и фудбал во Лигата на шампионите следната сезона, а бидејќи Конте има „навика“ да си заминува од клубови ако не му се исполнуваат желбите – како што дознаа Интер откако лани им ја освои титулата, Тотенхем дури ризикува тој да е откаже предвреме.

На неколку дена пред крајот на преодниот рок, топката е кај Даниел Леви…

> Првиот преоден рок на Конте во Тотенхем е кошмар – ги „пропуштија“ Дијаз и Траоре… <

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона