Утрински Весник
Политички Партии

Прва посета на шеф на кипарската дипломатија на Скопје

Прва посета на шеф на кипарската дипломатија на Скопје

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – Министерот за надворешни работи на Република Кипар Никос Христодулидес на покана од шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска ќе престојува во прва официјална посета на Република Северна Македонија.

Како што соопшти МНР, министерот Христодулидес ќе биде примен и од претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Оливер Спасовски.

-На средбата предвидено е да се разговара за билатералната соработка и состојбата во регионот, особено за неговата европска и евроатлантска перспектива, како и за поддршката што Република Кипар и’ ја дава на Република Северна Македонија во тој контекст, наведуваат од МНР.

Во фокусот на средбата ќе бидат и можностите за унапредување на политичкиот дијалог во периодот што следи со цел збогатување и интензивирање на соработката во различни области. вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт