Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Прва доза вакцина вчера примиле 12.049 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 12.049 граѓани
Img 7972

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 599.716 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.049 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 18.877 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.079.049 дози вакцини, а ревакцинирани се 479.333 граѓани.

Со последните бројки 68% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 65% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 61% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 51% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

Можете да прочитате

Муцунски во Ирска на средба на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес

СДСМ: Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност?

Кривични пријави за две сопственички на старски домови – давале храна со поминат рок и ги малтретирале згрижените лица