Утрински Весник
Свет

Првата рунда преговори за безбедносни гаранции меѓу Русија и САД во јануари

Првата рунда преговори за безбедносни гаранции меѓу Русија и САД во јануари

Русија и САД во јануари ќе го одржат првиот круг разговори за безбедносните гаранции, најави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој во интервју за телевизијата Раша тудеј потсети дека советниците на рускиот и американскиот претседател за надворешна политика Јуриј Ушаков и Џејк Саливан веќе одржале серија средби на кои било договорено преговорите да почнат на почетокот на следната година.

Сергеј Лавров го опиша американскиот одговор на руската понуда за безбедносни гаранции како „деловен“, но додаде дека Москва и Вашингтон постигнале одреден степен на договор за механизмите за дијалог.

Можете да прочитате

Шведска, Норвешка и Данска со 486 милиони долари ќе се вклучат во иницијативата на НАТО за снабдување на Украина со оружје

Трамп: Би сакал пак да се кандидирам за претседател, но најверојатно нема

Почина поранешниот романски претседател Јон Илиеску