Утрински Весник
Свет

Првата жена на чело на Танзанија, Самија Сулуху Хасан положи заклетва

Првата жена на чело на Танзанија, Самија Сулуху Хасан положи заклетва

Потпретседателката на Танзанија, Самија Сулуху Хасан, денес положи заклетва како претседателка по смртта на претседателот Џон Магуфули, најгласниот сковид-скептик на Африка, со што стана првата жена на чело на оваа источноафриканска земја.

Хасан ја презеде функцијата откако беше објавено дека Магуфули починал од срцев удар, повеќе од две недели откако тој не беше во јавноста.

Неговото исчезнување на 27 февруари предизвика сомневања дека се разболел од коронавирус за кој сметаше дека може да се излечи со молитва и не сака да нарача вакцини за земја со 58 милиони жители. Официјалните лица негираа дека било какво заболување е причина за неговото непојавување во јавноста. Хасан тврди дека Магуфули починал од срцев удар, додека опозицијата тврди дека тој починал од корона.

Новата претседателка ја опишуваат како личност која сака договори и компромиси, а нејзиниот стил е спротивен на популизмот на Магуфули, кого го нарекуваа „булдожер“ поради неговата нетолеранција кон различно мислење. Нејзиниот прекар „Мама Самија“ во таа земја е доказ дека населението ја цени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет