Утрински Весник
Македонија

Првата дама зготви оброци за бездомните и социјално загрозени лица

Првата дама зготви оброци за бездомните и социјално загрозени лица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска се вклучи во активноста на неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк“, односно подготовка на храна за бездомни и социјално загрозени лица.

Храната се подготвуваше во кујната на црквата „Гласност“.

Од претседателскиот кабинет информираат дека согласно со досегашната практика, оброците ќе бидат распределени во текот на претстојниот викенд, кога не функционираат народните кујни.

„Кризата којашто е последица на пандемијата на Ковид-19, најтешко се одрази кај овие категории на ранливи граѓани. Оттука, зголемена е и потребата за топол оброк. Да бидеме хумани и солидарни, да им помагаме на оние на кои таа помош им е најпотребна. Да споделиме храна со граѓаните коишто не можат да обезбедат оброк за себе или за своето семејство“, истакна Ѓоргиевска.

Во активностите на „Ретвитни оброк“, како што додаде Ѓоргиевска, може да се вклучи секој што смета дека може да придонесе.

Неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк“ заедно со здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци, „Вистински дела на љубезност“ повеќе од пет години, им помага на најранливите граѓани.

Двете организации беа дел и од хуманитарната акција иницирана од Кабинетот на претседателот Пендаровски, „Волонтираме за солидарно општество“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Семејството Аслани обвинува за полициска бруталност по смртта на нивното двегодишно дете

Има загинати во возилото што падна во Радика

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено