Утрински Весник
Македонија

Пратеничка позитивна на Ковид-19 и облечена во скафандер пристигна во Собранието

Пратеничка позитивна на Ковид-19 и облечена во скафандер пристигна во Собранието

Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна Ковид-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании, објави на „Фејсбук“ претаеничката Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Таа вели дека е позитивна на Ковид – 19, но дека добро се чувствува.

„ Нема да дозволиме уцени! Мојата должност како пратеничка е постојана и благородна. И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ граѓаните да ја добијат помошта која Владата ја обезбеди за нив. А, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата можат и понатаму да прават сѐ што намериле против народот – но џабе им е, денес ќе ја завршиме работата“, смета пратеничката Костадиновска – Стојчевска.

? Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги…

Posted by Бисера Костадиновска Стојчевска on Sunday, 18 April 2021

Пратеничката група на СДСМ вчера соопшти дека имаат тројца пратеници позитивни на Ковид – 19, но најавија дека на денешната седница ќе обезбедат кворум и ако е потребно заболените ќе дојдат во скафандери.

Седницата на која треба да се изгласа петтиот пакет економски мерки треба да почне во 14 часот.

Можете да прочитате

Екстремно топло време до вторник, потоа драстичен пад на температурите

Денеска се празнува Светата маченичка Агрипина

Пожарот во близина на Самоков е изгаснат – фабриката е целосно безбедна