Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пратеничката група на ДУИ го поздравува четвртиот економски пакет за помош на граѓаните

Пратеничката група на ДУИ го поздравува четвртиот економски пакет за помош на граѓаните
300x250 opst2

Парламентарната група на Демократската унија за интеграција го поздравува четвртиот пакет мерки во вредност од 470 милиони евра со цел поддршка на малите и средни бизниси и заштитата на работните места на граѓаните одобрен од Владата.

„По изборите, наша главна цел како ДУИ беше да ги почитуваме потребите на граѓаните и земјата и да формираме функционална влада што е можно поскоро. Поради кризата со Корона вирусот, на нашите граѓани и нашата економија им треба искусна и посветена влада не само за управување со
здравствените аспекти предизвикани од Ковид-19, туку и со економските последици што ја погодија нашата земја исто како и секоја друга економија во регионот и во светот.

Со цел да се обезбеди, и за економијата но и за граѓаните брзо и ефикасно управување со кризата, ние како избрани претставници во парламентот имаме доверба во коалицијата меѓу ДУИ и СДСМ. Ние сме задоволни што оваа влада ја сфати итноста на задачата и состави четврта многу ефикасна група на мерки со вкупна вредност од 470 милиони евра за поддршка на особено малите и средни бизниси и за заштита на работните места на граѓаните.Заштитата на работните места на граѓаните е најважната задача во овој предизвик и затоа ние како ДУИ силно го поддржуваме планот за поддршка на компаниите со субвенции за намалените приходи на нивните вработени, како и поддршката на туристичките водичи, обезбедувајќи им минимален приход за следните три месеци“, се вели во соопштението.

Според ДУИ, државните гаранции потрошени на банкарски заеми и дополнителните одложувања во отплатата на кредитите до крајот на годината им овозможуваат на илјадници сопственици на мали бизниси да земат здив, со оваа и малите и средни бизниси многу полесно да ја надминат кризата. Во
комбинација со 100 милиони евра нови заеми што можат да се обезбедат преку Европската инвестициска банка, тоа дури може да овозможи и идни инвестиции.

„Со овој четврти пакет, владата претстави многу ефикасен план и докажа дека е посветена и способна да ја води нашата земја низ кризата и да обезбеди економска безбедност и социо-економски напредок дури и во најтешката економска криза со што се бори целиот свет. Овие мерки се избалансирани и прилагодени за да им помогнат на оние кои имаат најголема потреба – мали и средни бизниси и обични граѓани“, додаваат од ДУИ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка