Утрински Весник
Македонија

Пратениците ја донесоа одлуката за составот на работните тела на Собранието

Пратениците ја донесоа одлуката за составот на работните тела на Собранието

Со 98 гласа „за“ пратениците ја донесоа предлог – одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите во Собранието.

По повеќе од месец дена пауза, Собранието ги доби работните тела со што се создадени услови за разгледување на предложените законски решенија, нивни измени, како разгледување и носење одлуки.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во овој парламентарен состав ќе раководат со по осум собраниски комисии, ДУИ со три, додека Беса, Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе добијат по една собраниска комисија.

По изгласувањето на одлуката, собранискиот спикер Талат Џафери даде пауза од еден час по што ќе следи втората точка на дневниот ред – верификација на мандат на пратеник на местото на министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кинеска вечер на „Охридско лето“ со уметниците Јуе Гуангхуи и Ванг Веи на флејта, мецосопранот Аи Ву и пијанистката Хоу Јуан

За време на викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври

НОВ ТОПОЛ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Температурите одат до речиси 40 степени