Утрински Весник
Свет

Пратениците на ЕУ го поддржaa народот во Бугарија

Пратениците на ЕУ го поддржaa народот во Бугарија

Пратениците на Европскиот парламент ги повикаа властите во Бугарија целосно и безусловно да ги почитуваат вредностите на Европската Унија.

Европратениците му дадоа поддршка на народот во легитимните барања за правда и демократија, рече Европскиот парламент во соопштението за јавноста.

Во резолуцијата усвоена со 358 гласа „за“, 277 „против“ и 56 воздржани, европратениците обезбедуваат недвосмислена поддршка на бугарскиот народ во нивните легитимни барања и аспирации за правда, транспарентност, отчетност и демократија.

Европските парламентарци го осудуваат полициското насилство и употребата на непропорционална сила, како и сите напади врз жени, деца и новинари, како и незаконското и прекумерното истражување на приватниот сектор што ги поддржува протестите.

Во текстот се нагласува значително влошување на почитувањето на принципите како што се владеењето на правото, демократијата, основните права, вклучително и независноста на судството, поделбата на власта, борбата против корупцијата и слободата на медиумите.

Резолуцијата ги критикува постојаните системски проблеми во судството, особено недостатокот на рамка за одговорност на Врховниот судски совет и главниот обвинител.

Европратениците ги осудуваат кампањите за напади и насилство врз новинарите.

Тие се длабоко загрижени за влошената слобода на медиумите, транспарентноста и недостатокот на разновидност во сопственоста на медиумите и се загрижени дека фондовите на ЕУ, наводно, се со поголема веројатност да им се даваат на владините компании, се вели во соопштението за печатот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бројката на загинати во пожарот во комплексот во Хонг Конг се зголеми на 75, ќе расте уште

Северна Кореја го воведе рускиот јазик како задолжителен предмет во училиштата

Обвинителката Бонди ќе бара смртна казна за осомничениот што пукаше во припадниците на Националната гарда