Утрински Весник
Спорт

Прандели: Рано е да се обнови Серија „А“

Прандели: Рано е да се обнови Серија „А“

Џенова, 17 мај 2020 (МИА) – Според поранешниот селектор на Италија, Чезаре Прандели, рано е да се обнови Серија А.

Иако вчера беа одиграни мечеви во Бундеслигата, стручњакот смета дека во Италија сè уште не е време тоа да се случи.

– Не гледам зошто не можеме да чекаме додека ситуацијата не биде појасна. Зошто да не играме во јули наместо во јуни? Точно е дека фудбалот ви помага да заборавите многу работи за 90 минути, но не мислам дека луѓето кои сакаат спорт сега нужно сакаат да гледаат натпревари. Не мислам дека би се плашел да играм ако сум во еден од тимовите. Повеќе се работи за Италија која страда уште, луѓе умираат секој ден. Верувам дека ни треба одредено време, изјави поранешниот селектор на „азурите“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Премиер лигата го објави календарот за новата сезона

ФИФА ги објави датумите за интерконтиненталните баражи за СП2026

Македонските ракометарки со три контролни дуели