Утрински Весник
Македонија

Правото на информираност како значаен сегмент од правата од работен однос

Правото на информираност како значаен сегмент од правата од работен однос
Dik 300x250 mk

Скопје, 12 март 2020

Синдикалниот центар за едукација и обуки – Скопје (СЦЕО) од декември 2019 година, до март 2020 година, го имплементира проектот “МОЕТО ПРАВО НА ИНФОРМИРАНОСТ” поддржан од Европската младинска фондација на Советот на Европа, активност која е поддржана од Синдикатот на работниците од управата правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ).

Овој проект привлече огромно внимание на младите од Скопскиот регион и околните општини. Исто така мораме да посочиме дека ова е прв проект кој го добива Синдикалниот центар за едукација и обуки кој со поддршката од Европската младинска фондација на Советот на Европа со цел младите вработени лица во јавниот и приватниот сектор, бидат навремено информирани а истата информација да биде добро проследена.

Како прва активност која ја имаше овој проект беше работилницата која се одржа во Велес на која учествуваа 24 млади лица, со што се покажа дека потребата од вакви едукативни работилници е повеќе од потребна. Учесниците на оваа работилница по завршената обука  самоиницијативно одржаа повеќе од осум помали работилници во нивните средини, со што можеме да констатираме дека одржаната работилница во Велес беше мошне корисна.

За крајот на овој проект планирана е завршна конференција, на која покрај досегашните учесници, учество ќе земат и синдикални лидери од регионот кои ќе ги пренесат своите искуства и знаења.

Синдикалниот центар за едукација и обуки – Скопје

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија