Утрински Весник
Македонија

Правни експерти дискутира за одложување на изборите на 12 април

Правни експерти дискутира за одложување на изборите на 12 април
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Правни експерти вечерва во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски одржаа средба по барањето на политичките лидери кои присуствуваа на лидерската средба, што се одржа претходно во текот на денов. Во соопштението од Кабинетот на шефот на државата се наведуваа дека целта на оваа средба била да се утврдат правните аспекти на одлуката за одложување на изборите закажани за 12 април оваа година.

– На почетокот на состанокот, претседателот Пендаровски ги поздрави присутните и им се заблагодари за нивниот ангажман. Универзитетските професори, Светомир Шкариќ, Гордана Силјановска – Давкова, Рената Дескоска, Тања Каракамишева – Јовановска, Јетон Шасивари, и доцентите Александар Љ. Спасов и Денис Прешова ги разгледуваа правните аспекти за одложување на парламентарните избори закажaни за 12 април, се наведува во соопштението.

На средбата се дискутирало за повеќе можни решенија што произлегуваат од Уставот на Република Северна Македонија. Консултациите за начинот на одложување на изборите ќе продолжат и во следните денови, информираат од Кабинетот на државата

На средбата беа присутни и претседателот на СобраниетоТалат Џафери, како и премиерот Оливер Спасовски. оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Намалена видливост на неколку патни правци

Црна европска листа: Македонија трета по број на убиени жени

Фрчкоски до ВМРО-ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат