Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Правните проблеми на Џони Деп го инспирираа да пишува песни

Правните проблеми на Џони Деп го инспирираа да пишува песни
300x250 opst2

Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ минатата година го тужеше британскиот весник „Сан“ затоа што го жигоса како тепач на жена поради тврдењата на неговата поранешна сопруга Амбер Херд дека бил насилен кон неа.

Џони Деп го изгуби случајот за клевета, а минатата недела лондонскиот апелационен суд му го ускрати правото на жалба.

Алис Купер, пријател на Деп и член на неговиот бенд Hollywood Vampires, откри дека актерот ги канализира своите чувства во текот на целиот процес, пишувајќи за нивниот бенд.

„Знам дека Џони пишуваше многу минатата година, кога целата таа работа се случуваше со него,“ изјави пријателот за „Дејли бист“.

“Тоа не го спречи да оди дома и да пишува. Всушност, тоа веројатно и помогна. Очекувам неколку интересни песни”, додаде Алис.

Деп, кој покрена посебна тужба за клевета во САД каде го очекува почетокот на судскиот процес, не сака драмите во неговиот личен живот да се мешаат во животот во бендот и е подготвен да се врати на турнеја со бендот.

Можете да прочитате

Зошто нема Нобелова награда за математика?

Ќе ја исполнам последната желба на Панчо

Внуката на Панчо му посвети емотивна порака и ги расплака сите (ФОТО)