Утрински Весник
Македонија

По 50 дневни глоби за четворица штипјани што не го почитувале полицискиот час

Штипското ЈО бара казна од 5.000 евра за штипјанец кој не ја почитувал мерката задолжителна самоизолација

Штип, 13 мај 2020 (МИА) – Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Штип, денеска поднесе предлози за издавање казни во висина од по 500 евра против четири лица што не го почитувале полицискиот час.

– На лицата им се става на товар дека не ги почитувале мерките за забрана за движење и во време на полициски час, без дозвола се движеле на различни места во градот, при што сториле кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од чл. 206 став 1 од КЗ, се вели во соопштението од ОЈО.

Обвинителството му предложи на Основниот суд Штип на обвинетите да им биде изречена парична казна во висина од 500 евра во денарска противвредност, односно по 50 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да изнесува 10 евра. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Патриотско друштво: Полиција спречува изградба на црква во Полог

СДСМ утре ќе објави нов скандал за Тошковски

Полиција спасила двајца македонски туристи кои останале блокирани во заливот Филикури кај Химара