Утрински Весник
Македонија

По 30 илјади денари ќе добијат 7.600 здравствени работници кои работат со ковид пациенти

По 30 илјади денари ќе добијат 7.600 здравствени работници кои работат со ковид пациенти

Министерот за здравство, Венко Филипче, при денешната посета на Клиничката болница во Штип, информираше дека 7.600 вработени во јавното здравство кои работат со ковид пациенти ќе добијат еднократна награда од 30 илјади денари.

„Инвестираме во инфраструктура, медицинска опрема, во здравствените работници со зголемувањето на платите. По имплементирањето на таа политика, сега за новогодишните празници сите вработени во јавно-здравствените установи кои работат со ковид пациенти, а тоа се лекари, медицински сестри, помошно-технички персонал, болничарите, транспортерите, техничките лица кои работат во тие одделенија каде се лекуваат пациенти со ковид-19, ќе добијат еднократна награда. Станува збор за 7.600 вработени во јавното здравство кои ќе добијат по 30 илјади денари“, потенцираше Филипче.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон