Утрински Весник
Македонија

По 20 дена прекинува потрагата по Мартин, ќе се чека морето да го врати на копното

Прекинува потрагата по Мартин Јовановски, кој исчезна во водите кај Посиди, објави грчката организација ОФКАТ.

dobivaj vesti na viber

Потрагата траеше 20 дена, но напорите на сите кои учествуваа, за жал не вродија со плод, велат од организацијата.

„ Денеска се навршуваат 20 дена без Мартин. Напорите за негово лоцирање цело ова време за жал не вродија со плод иако ги „измешавме“ морето, копното и небото со секакви средства што ќе ги обезбедиме ние и сите државни субјекти! Мартин не „припаѓа“ на морето. Мартин припаѓа на земја и таму во одреден момент мора да се „врати“.

Па да го оставиме морето неколку дена да си ја заврши „работата“ со надеж дека во одреден момент ќе ни врати. Се согласуваме со неговото семејство и еве зошто нема да дозволиме случајот да се „затвори“. На крајот на краиштата, ние го дадовме нашето ветување на неговата мајка, Лидија и на братот, Горан Јовановски дека ќе го најдеме Мартин. Истрагите сега продолжуваат на… „друго“ ниво“ наведуваат од грчката организација ОФКАТ.

Можете да прочитате

Пешевски до Мицкоски: Не сме партија, туку гладни работници

Зајкова: ВМРО-ДПМНЕ директно ги амнестира од одговорност криминалците инаку ќе гo прифатеше амандманот на ЛДП за Кривичниот Закон

Стопирана истрагата за шестмина полицајци за пожарот во „Пулс“