Утрински Весник
Економија

По 14.500 денари помош за естрадните уметници за април и мај

Стабилноста на денарот е загарантирана, тврдат актуелниот и претходни гувернери и меѓународни институции
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – Владата на денешната седница донесе Уредба со законска сила за финансиска поддршка на естрадните уметници за време на вонредна состојба, за уредување на условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на естрадните уметници погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, за месеците април и мај 2020 година.

Предмет на финансиска поддршка е исплата на финансиски средства за месеците април и мај 2020 година, во месечен нето износ од 14.500 денари, а за исполнување на критериумите за користење на оваа финансиската поддршка ќе одлучува посебна комисија во која ќе членуваат истакнати естрадни уметници, соопшти владината прес-служба.

На денешната седница Владата донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, за финансиска поддршка од 14.500 денари за исплата на платите и за месец јуни, согласно критериумите и измените и дополнувањата на оваа уредба.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УЈП: Потпишан трипартитен договор за целосна примена на Законот за работно ангажирање на лица

Новата година носи поскапување на градинките во десетици општини

Македонските семејства над половина од буџетот го трошат на храна