Утрински Весник
Свет

По 12 години локални избори во Мостар

По 12 години локални избори во Мостар
Dik 300x250 mk

Локалните избори во 2020 година за Градскиот совет на градот Мостар се во тек. Избирачките места се отворени од 7 до 19 часот. Сите 150 избирачки места се отворени на време, а нешто повеќе од 100.000 гласачи ќе можат да гласаат до 19 часот. До 11 часот, на редовните избирачки места гласаа 16.280 гласачи или 16,97%.

По 12 години прв пат граѓаните избираат нова локална власт во градот, што е симбол на длабоки етнички поделби во БиХ, 25 години по војната. Граѓаните на Мостар избираат 35 советници во Градскиот совет од 370 кандидати, од кој посредно се бира нов градоначалник.Секој гласач добива две гласачки ливчиња на избирачкото место. Едно за претставници од една од шесте метрополитски области во која живее, а во другата, одлучува за кандидатите од градската листа. Изборите ги следат 1.717 набудувачи, а првите резултати се очекуваат во 21 часот

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Унгарија ќе започне разговори со САД за купување нуклеарно гориво

Кнесетот прелиминарно усвои два закона за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег, Нетанјаху против

Новата премиерка на Јапонија свири тапани за опуштање, има црн појас во карате и вози мотор