Утрински Весник
Свет

По шест месеци, Грција ги отвори угостителските објекти

По шест месеци, Грција ги отвори угостителските објекти
Dik 300x250 mk

По шест месеци, кафулињата и рестораните во Грција ги отворија терасите.

Отворањето на угостителските објекти е придружено со строги мерки. Вработените ќе треба да се тестираат еднаш неделно и да носат маски. На една маса дозволено е да седат максимум шест лица, а локалите ќе работат до 23 часот, бидејќи полицискиот час сè уште е во сила.

Грција планира да потроши 11,6 милијарди евра оваа година за да ги надомести штетите од пандемијата. Минатата година потроши 24 милијарди.

Грчката влада има големи надежи дека туризмот ќе ја зајакне економијата. Повеќе од една четвртина од приходите зависат од секторот.

„Имаме нови сојузници: вакцина, комплети за само-тестирање и топло време, така што можеме да се надеваме дека оваа незапаметена авантура ќе заврши наскоро“, рече премиерот Киријакос Мицотакис пред неколку дена.

Грчката влада ја забрза кампањата за вакцинација во последните денови дозволувајќи вакцинирање и на 30-годишници. Повеќе од три милиони дози вакцина се веќе потрошени.

Грција има скоро 345.000 заразени и повеќе од 10.400 починати на 10,8 милиони жители.

Можете да прочитате

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија

Стуб: Соработката со Трамп треба да продолжи, за Русија повторно да не го придобие

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп