Утрински Весник
Свет

По Шаленберг, оставка најави и министерот за финансии на Австрија

По Шаленберг, оставка најави и министерот за финансии на Австрија

Австрискиот министер за финансии Гернот Блимел најави оставка.

Неговата оставка следи откако лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП) Себастијан Курц најави повлекување од политиката и по најавата на актуелниот канцелар Александар Шаленберг дека функцијата ќе му ја препушти на идниот шеф на Народната партија.

Инаку, Блимел е наведен како еден од обвинетите покрај Курц во истрагата за проневера и поткуп, поврзана со нарачување наводни лажни истраги. ОВП, како што се шпекулира, не сака да чека да види дали ќе се појават дополнителни детали кои дополнително би можеле да го оптоварат Блимел.

Во Австрија се шпекулира дека министерот за внатрешни работи Карл Нехамер би можел да ја преземе функцијата шеф на ОВП, но и како канцелар и министер за финансии. Може да има дополнителни промени во владата, бидејќи се споменува дека Нехамер би можел да ги замени министерката за економија Маргарета Шрамбек, министерката за земјоделство Елизабет Кестингер и министерката за интеграции Сузана Раб, членови на владата кои биле многу блиски со Курц.

Можете да прочитате

Стотици ЛГБТК+ католици на поклонение во Рим

Путин: Западните сили во Украина ќе бидат легитимни цели за уништување

Израел уништи уште една станбена кула во градот Газа