Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

По хоророт со Ериксен, Премиер лигата ќе донира илјадници дефибрилатори

По хоророт со Ериксен, Премиер лигата ќе донира илјадници дефибрилатори
300x250 opst2

Премиер лигата објави дека ќе обезбеди средства за АЕД дефибрилатори за над 2.000 фудбалски клубови низ Англија за да се помогне во спасувањето на животите на тие фудбалери кои ќе добијат срцев напад на фудбалските терени по страшните сцени на ЕУРО 2020 со данскиот ас Кристијан Ериксен.

Ериксен колабираше во финишот на првото полувреме од мечот Данска-Финска, и само брзата реакција на лекарскиот тим со користење на дефибрилатори му го спаси животот. Тој помина помалку од една недела во болница, но тешко е да се верува дека ќе може да ја продолжи кариерата.

Премиер лигата во првата фаза ќе додели дефибрилатори на сите членови на Фудбалската фондација кои немаат ваков уред, додека во втората фаза, било кој мал клуб во Англија ќе може да побара средства за набавување на дефибрилатор. Вкупно, ќе се постават повеќе од 2.000 дефибрилатори.

> По хоророт со Ериксен, Премиер лигата ќе донира илјадници дефибрилатори <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН