Утрински Весник
Спорт

По химната, на руските скијачи им ја забранија и „Каќуша“!

По химната, на руските скијачи им ја забранија и „Каќуша“!

Руските скијачи на Светското првенство во крос кантри скијање во Оберстдорф, Германија нема да може да ја користат славната песна „Каќуша“ наместо руската химна, која е забранета за пуштање како дел од допинг-санкциите кон Русија.

Руските натпреварувачи поради глобалната суспензија не можат да настапуваат под руското знаме, ниту да се слуша руската химна, и Рускиот олимписки комитет се обиде да ја замени „Каќуша“ со химната, но ова беше отфрлено од Интернационалната скијачка федерација (ФИС).

„Каќуша“ е воена песна од 1938 година, компонирана од Матвеј Блатнер со текст од Михаил Исаковскиј, која стана популарна за време на Втората светска војна. Каќуша, што е деминутив на името Катарина, во песната чезнее за својот сакан кој заминал во војска.

> По химната, на руските скијачи им ја забранија и „Каќуша“! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дебакл на Јокиќ и Нагетс среде Денвер

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано