Утрински Весник
Економија

По седум недели пазарен ден во Тетово

По седум недели пазарен ден во Тетово

Тетово, 8 мај 2020 (МИА) – По прв пат од 19 март имаше пазарен ден-четврток на тетовскиот зелен пазар. Кризниот штаб во март донесе одлука за да се намали ризикот од ширење на коронавирусот во денот кога има најголема фрекфренција на луѓе. Пазарот во останатите денови работеше.

Пазарџиите со кои разговаравме велат дека добро е што и пазарниот ден имаат можност да продаваат со оглед на намалено движење на граѓаните.

-Има луѓе кои не можат да дојдат на пазар за да набават овошје и зеленчук. Другите денови се работеше но и помалку има движење и купувачи. За купувачите е скапо, меѓутоа за нас се ниски цените. Еве младиот компир има популарна цена, се продава 3 клилограми за 100 денари. Доматите се продаваат и за 50 денари, посочија продавачите на зелениот пазар.

Освен главниот зелен пазар работата беше овозможена и кај ткн. Женски пазар како и сите отворени и затворени места за пазарување.

-За превенција од коронавирусот има редари кои грижат и за дезинфекција на пазарите, посочија од општина Тетово.

Пазарниот ден е време кога свои производи нудат и иземјоделци кои продаваат домашна органска храна, добиток, украсни птици, цвеќе и сточна храна.ас/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска за МТВ: Пристапувањето во СЕПА ќе донесе заштеда од половина милијарда евра за земјите од Западен Балкан

УЈП: Преку „меки“ мерки и соработка кон подобрување на даночната усогласеност

Трет ден расправа за ребалансот на Буџетот