Утрински Весник
Спорт

По Санчо и Халанд, „милионерите“ намамија уште едно дете на „Вестфален“

По Санчо и Халанд, „милионерите“ намамија уште едно дете на „Вестфален“
Dik 300x250 mk

Тинејџерот Џуд Белингем (17) е веќе во Германија и ги врши лекарските прегледи во Борусија Дортмунд. Потоа го очекува потпис со „милионерите“. На „Вестфален“ доаѓа од Бирмингем Сити, а според информациите на „Скај“, за него англискиот член на Чемпионшип ќе добие 26 милиони фунти.

Клубот од Дортмунд повеќе од две години се обидува Белингем да го доведе во своите редови, а интерес за него покажувале и Челси, Реал Мадрид, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.

Тинејџерот досега има настапи за англиската селекција У-17, а ја одбрал Борусија затоа што овој клуб им дава шанса на младите играчи.

Тој сезонава има 39 настапи во Чемпионшип, постигна 4 гола и имаше 3 асистенции.

По Санчо и Халанд, тој е новиот млад талент во редовите на „жолто-црните“.

> По Санчо и Халанд, „милионерите“ намамија уште едно дете на „Вестфален“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја

Денвер предводен од Јокиќ го надигра Голден Стејт

Со натпревари во Куманово и во Струга стартува 13.то коло во ПФЛ