Утрински Весник
Спорт

По речиси четири часа, Зверев го „скроти“ Ербер

По речиси четири часа, Зверев го „скроти“ Ербер

Финалистот од САД опен, Александер Зверев се пласираше во третото коло на Ролан Гарос, откако изддржа тешка битка од 3 часа и 59 минути за 2:6/6:4/7:6(5)/4:6/6:4 победа над Французинот Пјер-Иг Ербер на „Филип Шартие“.

Во израмнет меч одлучуваа нијанси, но на крајот Германецот успеа да ја забележи својата седма победа во седум меча против француски противници на Ролан Гарос, за да обезбеди пресметка со полуфиналистот од 2018, Италијанецот Марко Чекинато, кој со 6:3/6:2/5:7/6:2 го совлада Аргентинецот Хуан Игнасио Лондеро.

Кај дамите, првата фаворитка за титула, Симона Халеп лесно ја доби романската битка со Ирина Бегу со 6:3/6:4, а во третото коло има и една Французинка, откако Каролине Гарсија со 7:6(5)/6:2 ја победи Александра Саснович од Белорусија.

> По речиси четири часа, Зверев го „скроти“ Ербер <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Премиер лигата го објави календарот за новата сезона

ФИФА ги објави датумите за интерконтиненталните баражи за СП2026

Македонските ракометарки со три контролни дуели