Утрински Весник
Македонија

По полноќ бензинот поскапува за 3,5 денари, а дизелот за 8,5 денари

По полноќ бензинот поскапува за 3,5 денари, а дизелот за 8,5 денари

Нови цени на горивата од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 8,50 денари/литар, соопшти РКЕ.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 6,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 4,846 денар/килограм и сега ќе изнесува 59,165 ден/кг.

Од 10.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 95,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 90,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 59,165 (денари/килограм)

Можете да прочитате

Силјановска – Давкова: Не можеме да бидеме Пенелопа, која, чекајќи го Одисеј, постојано го менува Уставот по барање на некој однадвор

СДСМ: ЗНМ и ССНМ немаат реакција за ова од Героски? 

Маж од Виница од лажен профил испраќал експлицитни фотографии од малолетничка