Кина се одлучи за најтешки мерки против пандемијата на коронавирус во главниот град на автономниот регион Ксинџијанг по ненадејното зголемување на бројот на нови инфекции.
Во Урумки, град со околу 3,5 милиони луѓе во западниот кинески регион Ујгур, по пет месеци се регистрирани пет нови случаи на коронавирус.
Владата веднаш одлучи да ги затвори метрото и автобуските линии кон аеродромот. Беа откажани околу 200 летови на меѓународниот аеродром во тој град.
А, оние што сè уште треба да патуваат, мора да имаат негативен тест за коронавирус, не постар од седум дена, и дури тогаш им е дозволено да патуваат надвор и во Урумки.
Ксинџијанг од јануари пријави вкупно 76 нови инфекции со коронавирус. Автономниот регион на Кина престана да бележи новозаразени до 18 февруари. По пет месеци, повторно се појавија нови случаи.
Вкупно 135 луѓе завршија во самоизолација. Останува нејасно дали сите пациенти се поврзани со истото жариште, односно извор на инфекција.