Утрински Весник
Свет
Img 7972

По пандемијата пристигнува нова закана за 150 милиони луѓе

По пандемијата пристигнува нова закана за 150 милиони луѓе
300x250 opst2

Светска банка предвидува дека бројот на екстремно сиромашни луѓе во светот оваа година може да се зголеми за 150 милиони, од кои над половина се деца.

Кенискиот лекар Феликс Ндонгаи зборуваше за тоа колку мајки очајуваат од него, затоа што немаат што да ги хранат своите деца поради губење на работата.

Во Кенија, повеќе од две третини од населението се вработени во т.н. неформален сектор. Ова значи дека тие немаат постојана работа, но работат од време на време. Но, повеќето работни места исчезнаа поради мерките за затворање. Скоро нема финансиски резерви, а Кенија е една од економски постабилните земји на африканскиот континент. Во другите земји ситуацијата е уште полоша, пишува „Дојче веле“.

Само во една клиника на периферијата на Најроби, еден лекар дијагностицира неухранетост кај дваесетина мали деца месечно, под нормални услови. Сега тој број е многу поголем, се наведува во извештајот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас

Германска градоначалничка избодена со нож

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија