Утрински Весник
Македонија

По пад од балкон животот го изгуби жена на 81 година во Тетово

По пад од балкон животот го изгуби жена на 81 година во Тетово

Тетово, 17 април 2020 (МИА) – Жена на 81 година го загубила животот по пад од балкон од зграда во Тетово, соопшти денес СВР Тетово. Немилиот настан се случил вчера околу 11 часот на улицата „Благоја Тоска“.

-Во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Благоја Тоска“, во стан сопственост на М.Г.(85) од Тетово, неговата сопруга М.Г.(81), која имала нарушено здравје, додека била сама во станот, излегла на балконот, што се наоѓа на првиот спрат од станбена зграда и паднала од балкон. М.Г. била префрлена во Клинички центар Тетово, каде од здобиените повреди починала, инфомираа од тетовската полиција.

Увид на лице место извршиле екипи од СВР Тетово и Министерството за внатрешни работи од Скопје. ас/оџ/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија