Утрински Весник
Македонија

По падот на ѕидот во Пинтија, градоначалникот најави детална проверка на сите градби направени во минатото

​Во периодот што следи ќе биде извршена детална проверка на сите градби кои се направени во минатото, со цел да утврдиме дали можат да одговорат на временските неприлики. Онаму каде што има потреба од дополнителни зафати да делуваме, затоа што безбедноста на моите сограѓани е приоритет. Ова го кажа градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски откако се урна потпорен ѕид во Пинтија поради големото невреме.

Градоначалникот најави детални контроли од инспекциските служби за квалитетот на изградба на потпорните ѕидови и на приватните парцели, особено онаму каде што теренот е стрмен.

Рече дека излегле на терен веднаш после пријавите, а мобилизирани биле и екипите на јавните претпријатија на градот Скопје со цел заеднички да се превенира за да се спречи уште поголема катастрофа.

„Првично ќе се делува на заштита на населението кое транзитира тука, односно ќе се затвори еден дел од булеварот, а потоа веднаш почнуваме со расчистување и санација на ѕидот. Во наредните денови, сето ова ќе биде вратено не во првобитната состојба, туку во уште подобрена за да не ни се случуваат повеќе вакви работи и да го нарушуваат мирот, но и безбедноста на граѓаните“, рече градоначалникот.

 

Можете да прочитате

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово

Почина Душко Чифлиганец по борбата во болница!