Утрински Весник
Македонија

По отповикувањето, Азески на Црна Гора ѝ посака брз развој и просперитет

По отповикувањето, Азески на Црна Гора ѝ посака брз развој и просперитет

Бранко Азески се огласи со коментар по одлуката на Владата во Црна Гора, да го отповика како почесен конзул на оваа земја.

„Црна Гора е независна и суверена држава, која согласно Уставот е дефинирана како граѓанска, демократска, еколошка и држава на социјална правда, заснована на владеење на правото. Иако независноста на Црна Гора е обновена на 3 јуни 2006 година, со истапувањето од државната заедница со Србија, таа претставува една од најстарите европски држави. На овие простори се простирала латинската провинција Превалис, средновековната држава Зета, а денес современата држава Црна Гора, која претставува своевидна раскрсница на која се испреплетени повеќе историски случувања, народи и култури (илирска, словенска, византиска, турска), како и религии (христијанска и исламска), кои оставиле свои траги до денешен ден. Голема благодарност до сите оние со кои соработував на оваа важна мисија за бизнисите на нашите две држави. На Црна гора ѝ посакувам брз развој и просперитет, а на компаниите поголем профит“, наведува Азески.

Црногорската влада го отповика почесниот конзул бидејќи, според пишувањата на регионалните медиуми, се обидел да ги омаловажи и компромитира највисоките власти во Црна Гора презентирајќи свои лични забелешки и предвидувања во врска со работата на Владата.

Можете да прочитате

Изгласани измените на Законот за возила, се олеснува процесот на регистрирање

Вицепремиерот Изет Меџити ја посети Медресата „Иса Бег” во Скопје

Еден уапсен еден во бегство за убиството во Батинци