Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот
300x250 opst2

Новозеландскиот министер за здравство Дејвид Кларк денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот.

Кларк себеси претходно се опиша како „идиот“ бидејќи ја прекршил мерката за карантин, по што минатата недела го обвини генералниот директор на здравството, Ешли Блумфилд, за пропусти на границите, што предизвика бес во јавноста.

Сепак, тој со поднесувањето на оставката рекол дека во работата ја вложил сета своја енергија, но и дека планира да остане во парламентот како пратеник од понизок ранг.
Премиерката Џасинда Ардерн изјави дека е подготвена да ја прифати неговата оставка.

„ Од суштинско значење е нашето здравствено раководство да ја има довербата од јавноста“ навела Ардерн во соопштение и додала дека го поставила министерот за образование, Крис Хипкинс, за привремен министер за здравство.

Текстот По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа