Утрински Весник
Свет

По немирите, претседателот на Казахстан го смени министерот за одбрана

По немирите, претседателот на Казахстан го смени министерот за одбрана

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев денеска го смени министерот за одбрана, обвинувајќи го дека не покажал доволно решителност и иницијатива како одговор на неодамнешните немири и насилство во таа земја.

Токаев го замени Мурат Бектанов со спроведување на чистка во безбедносните кругови, во обид да ја зацврсти својата моќ по насилните протести во првата недела од јануари, наведува британската агенција Ројтерс.

– За време на јануарските настани, вооружените сили поради фактот што нивното раководство беше многу неодлучно и немаше иницијатива, не можеа добро да ги исполнат поставените задачи – објасни казахстанскиот претседател.

Тој го обвини министерот дека во јануарските настани не покажал „командни квалитети“.

На почетокот на овој месец, Казахстан беше погоден од најлошиот бран на насилство во својата постсоветска историја, при што беа убиени најмалку 225 луѓе, главно во Алмати.

Можете да прочитате

Кубанскиот претседател повикува на воена подготвеност на островот поради американските закани

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“

СЗО жали за повлекувањето на САД