Една од најбизарните фудбалски приказни во последно време стана уште побизарна откога Хајет Абидал, сопругата на поранешниот спортски директор на Барселона, Ерик Абидал, побарала развод од Французинот по шпекулациите за неверство и поврзаност со нападот на фудбалерката на Пари Сен-Жермен, Кеира Хамрауи.
Приказната почна со бруталниот напад на Хамрауи од страна на маскирани мажи со челични шипки додека таа била во автомобил што бил управуван од нејзината колешка од ПСЖ, Амината Дијало. Француската полиција првин ја уапси Дијало со обвинение дека го нарачала нападот за да го зазаме нејзиното место во клубот, но потоа тие побараа испитување на Абидал и неговата сопруга откако СИМ-картичката во телефонот на Хамрауи била регистрирана на името на Абидал.
Хамрауи беше фудбалерка на Барселона додека Абидал беше спортски директор во клубот, а француските медиуми објавија дека сега сопругата на Абидал е осомничена за нападот откога еден од маскираните мажи ѝ врескал на Хамрауи: „Сакаш да спиеш со женети мажи“.
Денеска, дојде нов пресврт кога Хајет побара развод од Абидал, со кого има пет деца, а нејзиниот адвокат потврди дека мотивацијата е поврзаноста со случајот на Хамрауи.
„Принудена од условите и незадоволството со случајот Хамрауи, Хајет Абидал ќе побара развод во Барселона. Откога обвинителот во Версај во понеделникот потврди дека СИМ-картичката е на името на нејзиниот сопруг Ерик Абидал, тој призна дека направил прељуба со мадам Хамрауи. Мојата клиентка ќе се бори за својата чест и репутација“, изјави адвокатот на Хајет, Џенифер Лосада.
Абидал бил во врска со нападнатата фудбалерка на ПСЖ?
> По неверството со тепаната фудбалерка на ПСЖ, сопругата бара развод од Абидал <