Утрински Весник
Македонија

По изолацијата, сите на велосипед?

По изолацијата, сите на велосипед?

26 Април 2020

Ал Џезира

Повеќе градови во Франција сакаат да охрабрат возење  велосипеди низ градските улици по укинувањето на изолацијата, за да се избегне масовно превоз со автомобили и големо загадување на воздухот, за што се сомневаат дека го зголемуваат ризикот од новиот коронавирус.

Сообраќајот во градовите значително се намали како резултат на изолацијата. Богота, Берлин, Оукланд, Њујорк и други градови ја искористија можноста да организираат привремени ленти за велосипеди, забрани употреба на некои улици и ги охрабри граѓаните да користат велосипеди за да ја почитуваат социјалната дистанца.

Неколку француски градови сакаат да го следат нивниот пример по изолацијата.

„На луѓето ќе им биде психолошки тешко да се туркаат во трамваите, автобусите или во метрото, од страв од заразување со вирусот“, вели Пјер Серне, претседател на клубот на градови со велосипедски патеки, здружение за промовирање на употреба на велосипеди во градовите.

Повторувањето на масовно возење автомобил би било лошо решение затоа што повторно ќе се создаде сообраќаен метеж и загадување на воздухот.

Загадувањето   ја зголемува смртноста поврзана со коронавирусот, тврдат научниците од Харвард.

Други се прашуваат дали овие честички можат дури и да го пренесат вирусот.

Во регионот во Париз, каде што се зголеми употребата на велосипеди од штрајкот кон крајот на 2019 година што го парализираше јавниот превоз, дневниот број на велосипедисти би можел да се зголеми од „400.000 на 800.000“, според претседателката на регионот Валери Пересе.

За да го постигнеме ова, таа во соработка со организацијата „РЕР-вело“ смисли девет велосипед патеки, до Мантес-ла или Мелун, градови на 50 километри од Париз. Сакаме да „разгледаме се што може да се направи и тоа многу брзо“, рече таа.

Париз веќе го зголеми бројот на ленти за велосипеди и планира да го охрабри возењето велосипед по изолацијата, рече советникот за градски сообраќај, Кристоф Најдовски.

Тоа, рече тој, ќе се постигне со „мали, ефтини прилагодувања што можат да се направат брзо, безбедно и реверзибилно“ на патиштата кои обично се резервирани за автомобили и мотоцикли.

Лион сака да ги среди „новите тротоари за пешачки патеки и нови велосипедски ленти со можни модулации во зависност од времето на денот“, според градската влада.

Гренобл, Монпеље и Рен исто така планираат да го забрзаат спроведувањето на нивните планови за поттикнување на користење велосипед.

Поточно, Институтот Церема сугерира „намалување на бројот на сообраќајните ленти“, од четири на два на пример, „да се прошират постојните ленти за велосипеди и да се смени регулативата за сообраќај“.

„Ова не се однесува само на градските центри, туку и за „патната мрежа помеѓу градовите или во предградијата“, истакна Пјер Серн, наведувајќи ги како пример болници далеку од градските центри каде вработените доаѓаат со велосипед.

Според Федерацијата на велосипедисти (ФУБ), потребно е да се организираат овие привремени ленти за велосипеди по целата должина на лентите, а не само на изолираните делници, да се постават привремени паркинзи за велосипеди и да се организираат ленти за велосипеди што ќе следат метро линии.

„Инфраструктурата мора навистина да биде безбедна за велосипедистите“, рече претседателот на ФББ, Оливие Шнајдер, и тоа не значи само знак на теренот.

Друга важна работа е да ги опремите луѓето со велосипеди.

Покрај постојните бонуси за набавка на електрични велосипеди или приколки, ФУБ ја застапува и идејата за доделување чек од 100 евра за поправки на велосипеди.

Зошто да не ги направите системите за јавни велосипеди слободни, па дури и полесно достапни, сугерира Џоел Хазан, експерт во Групацијата Консалтинг Бостон.

„Се додека не се постигне ова, возењето велосипед е дозволено за време на изолацијата, освен за спортски цели, потсетува претседателот на ФУБ. Тој го замоли префектот кој ги затвори лентите за велосипеди за време на изолацијата повторно да дозволи нивна употреба. зш/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!