Утрински Весник
Магазин

По изолацијата, една десетина од Французите сакаат да се оддалечат

Три најчести причини за љубовна караница

Париз, 5 мај 2020 (/) – Ако мерките на изолација повторно треба да се спроведат, 12 отсто од луѓето нема да сакаат тоа да го минат повторно во друштво на нивниот партнер, јави дописникот на / од Франција.

Според истражување на Центарот за политика и вести Ифоп, ограничувањата на движењето надвор од својот дом, било фатално за четири отсто од двојките во Франција. Трудот објавен на интернет-страница за консултации со сексолози, charles.co, и на порталот „Ле Паризиен“, посочува дека вкупно една десетина од двојките размислуваат да се дистанцираат по мерките на ограничување.

Дури 60 отсто од анкетираните, изјавиле дека времето минато затворени заедно со партнерот дома, не ги сменило односите на подобро. Притоа, 30 отсто од двојките велат дека тоа зближило.

Според Франсоа Краус, директор на Ифоп, тенденцијата за влошување на односите за време на изолацијата, особено е забележана кај младите двојки, кои се – „веројатно покревки“. Тој смета дека „за нив, ограничувањето било отров, а не бетонирање на врската“.

Понатаму, 12 отсто од испитаниците велат дека доколку изолацијата мора да биде повторена, тие не би избрале да го минат времето повторно во друштво со нивниот партнер.

– Посебно жените – тие не сакаат да бидат во самоизолација. Проблемите со поделбата на домашните обврски и оние околу децата, каде што тие се повеќе ангажирани, можат да создадат услови на фрустрација, што доведува до тоа – тие да сакаат да се оддалечат од своите партнери, додава Франсоа Краус.  тг/си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста