Утрински Весник
Македонија

По изборот на Владата, прва седница на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во земјата

По изборот на Владата, прва седница на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во земјата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Премиерот Зоран Заев денеска претседаваше со седницата на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во земјата како прва седница по изборот на новата Влада.

Советот, како тело што ја координира безбедносно-разузнавачката заедница во врска со прашања од интерес на националната безбедност, покрај претседателот на Владата, кој претседава со седниците, го сочинуваат и првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политичките прашања на ресорите и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, министерот за внатрешни работи, министерот за одбрана, министерот за надворешни работи, директорот на Агенцијата за национална безбедност, директорот на Агенцијата за разузнавање и раководителот на надлежната организациска единица за воена безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана, како и секретарот на Канцеларијата на Советот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Струјата поскапува: Еве колку ќе плаќаат домаќинствата

Приведен 16-годишник, со автомобил предизвикал сообраќајка

Мицкоски: Националната развојна стратегија 2024 – 2044 е документ кој ја дефинира визијата на државата во следните две децении