Утрински Весник
Македонија

По изборните прослави, скопјани наоѓаат заталкани куршуми во своите домови

Куршум завршил во соба од стан во која имало дете

Во текот на вчерашниот ден (16 јули), во скопската полиција биле пријавени два случаја во кои граѓани известиле за пронајдени заталкани куршуми во нивните домови.

Во полициската станица Драчево, 70-годишник од Скопје пријавил дека во утринските часови на терасата од неговата куќа на улица „Китка“ пронашол зрно од огнено оружје, од кое била оштетена и лимената кровна конструкција. Скопјанецот го предал зрното во полиција.

Вториот случај бил пријавен вчера околу 21.00 часот, од страна на 66-годишен скопјанец.

Тој во вечерните часови на терасата од неговата куќа на улица „Вашинтонска“ пронашол заталкано зрно од непознато огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што пријавителот им го предал заталканото зрно, а според пријавеното нема оштетување, ниту повредени лица.

И во вчерашниот полициски билтен имаше информациja за заталкан куршум, при што истиот завршил во соба од стан, во која седеле татко и неговиот малолетен син.

Исто така во текот на вчерашниот ден, МВР информираше дека во вечерните часови на 15 јули било пријавено пукање од огнено оружје за време на одржување на прослава на политичка партија на плоштадот Скендербег во Скопје.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Кузмановска: Ракот не погодува само еден – туку целото семејство

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!