Утрински Весник
Свет

По изборниот пораз чешката влада си поднесе оставка

По изборниот пораз чешката влада си поднесе оставка

Чешката влада денеска се согласи да поднесе оставка откако владејачкото мнозинство загуби на изборите одржани на 8 и 9 октомври, соопшти денеска премиерот Андреј Бабиш.

Бабиш рече дека оставката со писмо, ја испратил до претседателот Милош Земан, кој е во болница од 10 октомври, наместо лично да му ја врачи, што е вообичаена практика.

Кога ќе ја прифати оставката, Земан треба да и наложи на владата во заминување да ги извршува своите должности додека не се формира нова, што се очекува во наредните недели, пренесуваат агенциите.

Бабиш и неговите сојузници ги загубија изборите од двата опозициски блока предводени од коалицијата „Заедно“, кои постигнаа договор на 3-ти ноември за формирање влада и нејзина клучна програма.

Идниот премиер,Петр Фијала, како што пренесуваат тамошните гласила, рече дека претседателот Милош Земан е подготвен да се сретне со него штом ќе му дозволи здравјето и дека партиите се договориле за распределба на министерски места, иако немаат предложено поединечни кандидати.

Можете да прочитате

Oграничена употребата на мобилни телефони во училиштата во Финска

Украински напади со беспилотни летала на југот на Русија, најмалку три лица загинаа

Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати