Утрински Весник
Свет

По забава во Австрија, 80 лица завршија во карантин, а меѓу нив и секретарот за здравство

По забава во Австрија, 80 лица завршија во карантин, а меѓу нив и секретарот за здравство

По забава која се одржала во австрискиот град Филах, на која присуствувале многу познати личности, 80 лица мора да бидат ставени во карантин.Меѓу присутните бил и секретарот за здравство во тој градот, Кристијан Побер.

На забавата дошол еден угостител за кој се покажало дека е заразен со коронавирус.Угостителот на тој начин придонел за создавање на нов кластер на корона во покраината Корушка.

Интересно е што полицијата била повикана, бидејќи на забавата не биле почитувани корона- правилата. Поради стотиците гости на забавата, властите на Филах поставиле станица за тестирање во едно училиште.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата