Утрински Весник
Македонија

По еден сантиметар зголемен водостојот на Преспанското и Дојранското Езеро

МЖСПП: Во континуитет се следи состојбата со Преспанското Езеро, следната недела координативна средба

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Водостојот на Преспанското и Дојранското Езеро е зголемен за по еден сантиметар во однос на вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, нивото на Преспанското Езеро е за 86 санитиметри пониско од повеќе годишниот просек за април, додека водостојот на Доранското Езеро е за повеќе од три метри повисок од просечниот.

Пониски од просечните се и водостоите на сите реки во земјава и најчесто бележат благо намалување во однос на вчера. вј/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија 

Утре облачно време со сончеви периоди

Кривична пријава за убиство на свиреп начин во кумановско