Утрински Весник
Свет

По деблокирањето, 113 бродови поминаа низ Суецкиот канал

По деблокирањето, 113 бродови поминаа низ Суецкиот канал
Dik 300x250 mk

Повеќе од 100 бродови поминаа низ Суецкиот канал во двата правци, откако товарниот брод што го блокираше тој воден пат беше преместен, објави денеска египетската државна телевизија.

Вкупно 113 пловни објекти го преминале каналот до 6.00 часот утрово, во согласност со претходно објавените планови на каналот, според извештајот на египетската телевизија.

Колони на бродови синоќа повторно тргнаа низ каналот, пренесуваат медиумите.

Уште 140 бродови се очекува да поминат преку Суецкиот канал денес изјави претседателот на Управниот одбор на Суецкиот канал, Осама Рабија.

Тој рече дека 95 брода ќе поминат до 19 часот по локално време, а други 45 до полноќ, потврдувајќи ги неговите надежи дека застојот заради блокадата ќе се надополни за три до четири дена.

Можете да прочитате

Кој стои зад грабежот на векот: Еве како изгледа украдениот накит од Лувр (ФОТО)

Лувр под клуч: По спектакуларната кражба продолжува потрагата по виновниците

Орбан: Успехот на самитот во Будимпешта е од егзистенцијален интерес за Унгарија