Утрински Весник
Македонија

Појава на крлежи во парковите и шумите во Делечвско

Појава на крлежи во парковите и шумите во Делечвско
Dik 300x250 mk

Делчево, 23 април 2020 (МИА) – Последниве денови значително е зголемен бројот на крлежи во Делчевско, велат граѓани.

Крлежите се хранат од крвта на домаќинот, а како што посочуваат лекарите се преносители на лајмска болест, ерихолоза и крлежен менингоенцефатлитис.

-Има многу крлежи. Но, добро сум заштитен и при првото забележување ако работам на поле, ги отстранувам од облеката. Ги има насекаде, во тревата, во шумски предели и најчесто на отворено, вели Драго Ристовски.

Според матичните лекари, изминатите години чести биле случаите на појава на крлежи.

-Имајќи предвид дека сезоната за работа на поле почна, а се зголемува и движењето во природа, при забележување на убод граѓаните да не ги отстрануваат крлежите сами, туку да побараат лекарска интервенција, истакнуваат лекарите.

Иако ризикот од зараза при убод на крлежи е мал, додаваат лекарите, значајно е навременото и правилно отстранување на овој паразит. вс/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче се жали на изборни притисоци, потврди дека СДСМ има само 6 градоначалници

Час и половина по гласањето, само СДСМ не се огласија за изборниот ден

СДСМ победи во Центар, Македонска Каменица и Зрновци