Утрински Весник
Магазин

Пош се врати! Викторија Бекам пее песна од „Спајс грлс“ на караоке забава во Сен Тропе

Dik 300x250 mk

Дејвид Бекам сподели видео на Инстаграм од својата сопруга Викторија како изведува една од легендарните песни на „Спајс гирлс“ на караоке вечер во Франција.

dobivaj vesti na viber

Видеото за еден ден беше прегледано шест милиони пати и набрзо стана хит на социјалните мрежи.

„Караоке ноќ со една и единствена Пош Спајс“, напиша Дејвид во описот на објавеното видео. Неговите фанови беа воодушевени од танцовите чекори на Викторија. На сцената, таа самоуверено се присети на сите оригинални движења, а членови на нејзиното семејство учествуваа како пратечки танчери.

Инаку, култниот женски бенд од 90-тите, составен од Мел Си (Спорти), Мел Б (Скери), Гери Хорнер (Џинџер) и Ема Бантон (Бејби), повторно се обединија на турнеја во 2019 година, но без Викторија (Пош).

Таблоидите потсетуваат дека семејството Бекам моментално летува во Сен Тропе. Претходно беа во Италија, а пред тоа и во Хрватска.

Бекамови поминаа повеќе од една недела на островот Лопуд, во близина на Дубровник. Тие престојуваа во луксузниот ресорт Lopud1483, а како што објавија хрватски медиуми, на одморот потрошиле неколку десетици илјади евра, со оглед на тоа дека една ноќ во овој ресорт чини 10.000 евра.

Можете да прочитате

„Гугл“ привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година

Ако сте имале токсични родители, нема да ги паметите овие работи од вашето детство